Се почитуваат договорените 13 денари за килограм вранец во Тиквешко, изјави Љупчо Аризанов од регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.
-Винарските визби барем засега ја почитуваат договорената цена и засега откупот на грозјето тече без никакви проблеми. Кога пак вранецот се продава за извоз, неговата цена е 14 денари. При крај е бербата на винските сорти грозје темјаника, шардоне, ризлинг и некои други висококвалитетни сорти на винско грозје. Годинава за разлика од порано бројот на откупувачи на грозје во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, Тиквешкиот, е поголем, изјави Аризанов.
Во меѓувреме почна и бербата на смедеревката, таа се откупува по цена од 11 денари за килограм, но се очекува цената да расте заради големиот интерес за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


