Хрватска забележа мошне значајна и убедлива победа против Финска од 88-63 и со 4 бода сигурно чекори кон пласман во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка што се игра во Словенија.
Од самиот почеток “коцкестите“ имаа предност, а рафалната стрелба на Богдановиќ, Рудеж и Томиќ им донесе недостижна предност од 19 поени по првиот дел. Хрватите имаат квалитетна селекција и „долга“ клупа, па разликата постојано растеше и во второто полувреме. Рудеж блескаше со 17 поени и 5 тројки од 8 обиди, а расположен за игра беше и Богдановиќ со 15 поени. За доминација под кошот се погрижи Томиќ со 7 скока и 11 поени и Маркота кој имаше двоцифрен број на освоени топки под обрачите, 12. Ист ефект од 11 поени како Томиќ забележа и Укиќ, па јасно е зошто на крајот Хрватска славеше убедливо, со 25 поени разлика.
Кај Финците Хуф даде 10 поени, а потфрли Копонен, првиот стрелец на „летечките“ во досегашниот дел од првенството. одличниот стрелец немаш свој ден и постигна само 5 поени. Финска сега е претпоследна со 2 бода во Ф групата.
Од 17,45 ќе играат Грција и Шпанија, а подоцна од 21 часот домаќинот Словенија ќе се обиде да ја совлада единствената непоразена репрезентација на шампионатот, Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Падна првиот снег во Хрватска
-
Голем пожар на полуостровот Пелешац во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните (видео)


