По цели 58 години конечно, учениците во основното училиште „Димитар Миладинов“во Скопје, ќе учат во подрави услови. По 58 години сменети се подовите во соработка на општина Центар со УСАИД.
Вкупно се обновени подовите во 21 училилница.Со ова , 700-те ученици веќе имаат здрава и пријатна работна средина за стекнување на нови знаења.
Вкупната вредност на проектот е 1.340,000 денари од кои најголем дел се донација на ИСАИД, а општинскиот буџет учествува со 10% средства.
Проектот е подфинансиран од страна на Европската команда на американската војска (EUCOM) и УСАИД со цел за создавање подобра средина за учење за меѓуетничка интеграција во образованието.
Стивен Креј, Генерал Мајор од Националната Гарда на Вермонт, Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Д. Волерс, Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар, Спиро Ристовски, Министерот за Образование и Наука и Маја Ангелова, директор на училиштето, ќе присуствуваат на настанот и ќе одржат говор.
Проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција во Образованието (ПМИО) е четири годишна инцијатива која ќе соработува со сите релевантни образовни институции поддржувајќи ги напорите на Владата на Република на Македонија во процесот на етничко интегрирање. Проектот има за цел да обезбеди повисоко ниво на свеста кај луѓето, обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и преставници на администрацијата.
Еве како изгледаа училниците пред и по реконструкцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид