Завчера во 00.15 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје настанала крвава пресметка меѓу две групи насилници.
По претходна вербална расправија поради девојка настанала и тепачка меѓу 20-годишниот С.М., 20-годишниот М.Р. и 20-годишниот И.Ј. од една страна, како и 21-годишниот С.К. и една година постариот П.С од друга страна . Насилниците си размениле удари со тупаници по телата, од што си нанеле видливи повреди.
С.М. завршил на Ургентниот ценатр во Скопје откако му била нанесена убодна рана во пределот на десната натколеница.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



