| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Полиција и огради околу Бристол

Бројни полициски сили и утрово го чуваат просторот пред хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје каде треба да никне новата зграда на Советот за радиодифузија.

Тие се распоредени насекаде околу местото. Просторот е заграден, а работници со градежна механизација ги отпочнаа градежните работи. На местото утрово не можеа да се забележат граѓани кои протестираат против сечата на дрвата во паркот каде веќе почна да се гради зградата.

Полицијата синоќа околу два часот по полноќ интервенираше и го зазема просторот пред хотелот. При интервенцијата беа приведени и неколкумина граѓани кои се обидоа да ја попречат изградбата на објектот, но набргу беа пуштени.

Bristol zagraden03 (Custom) Bristol zagraden02 (Custom) Bristol zagraden01 (Custom) Bristol zagraden (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top