| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи: Ja повикувам Македонија да го затвориме спорот

hasim taci

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја повика Македонија да се договорот што е можно поскоро и да го затворат спорот што започна со трговски мерки на Приштина кон Скопје, а се разгоре во речиси целосна блокада во движењето на стоки и луѓе во двете насоки.

„Верувам дека постои волја за надминување на оваа непосакувана ситуација. Јас можам да зборувам во име на Косово, но тоа нема многу да помогне за антиевропскиот пристап на Македонија кон Косово. Затоа ги повикувам да го затвориме прашањето што е можно побрзо и да најдеме решение. Се разбира, почитувајќи ги интересите на државата и на граѓаните на Косово“, изјавил Тачи

Изјавата на Тачи без други детали ја пренесе албанската телевизија Albanian screen.

Во меѓувреме, медиумите во Македонија ја пренесоа изјавата на министерот за економија Ваљон Сарачини дека постои дијалог на високо владино ниво и дека очекува до крајот на денот да се најде решение.

Се уште нема објаснување од косовска или македонска страна зошто Приштина на само неколку дена пред укинувањето на условениот откуп на брашно за македонските мелничари, одговори со забрана за увоз на дел од македонските производи, по што следеа контра мерки од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top