| четврток, 6 декември 2018 |

За шест месеци пак визи за Европа

sengen viza шенген виза

Европскиот парламент денеска го усвои извештајот на шпанскиот европрареник од редовите на Европската народна партија, Диаз де Мера, со кој се дава зелено светло за усвојување на механизмот за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи, како и за мерки за реципроцитет.

„За“ извештајот гласаа 328 европратеници, 257 беа „против“, а 48 „воздржани“. Предложениот текст беше усвоен откако европратениците го отфрлија усниот амандаман на словенечката европратеничка од редовите на социјалистите и демократите Тања Фајон, поддржан од лидерот на Зелените, Даниел Кон-Бендит, со кој се бараше враќање на текстот во комисиите на Европарламентот за негова доработка, со цел да се избегнат можните штети за земјите од Западен Балкан и да не се намалат надлежностите на Европарламентот.

Суспензивниот механизам, според приврзаниците на извештајот, не е изработен само за земјите од Западен Балкан, туку за сите кои имаат безвизен режим со шенген зоната. Сепак, во дискусиите дојде до израз дека токму ситацијата со азилантите кои доаѓаат од Западниот Балкан бара посебно внимание, бидејќи влијае врз процесот на проширување ба ЕУ и врз политиката на азил.

По укинувањето на визите во 2009 и 2010 година, некои европски земји членки беа преплавени со баратели на азил кои доаѓаат главно од Србија и Македонија.

Ако документот биде усвоен, по барање на неколку земји-членки, Европската комисија ќе може да ја активира клаузулата за суспензија на безвизниот режим. Со суспензивниот механизам се предвидува повторно воведување на визниот режим за период од шест месеци, како и негово продолжување на една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top