| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ се враќа, сѐ се плаќа – Вон го изневери Тајгер Вудс

Можеби повеќето мажи изневеруваат, но тој неговите „излети“ ги плати најскапо.  По скапиот развод, голферскиот ас сега е во врска со друг спортски првак, скијачката Линдзи Вон.

Но, според американските медиуми, Вон била видена како се бакнува со друг маж позади сцената на концертот на Џастин Тимберлејк и Џеј Зи во Мајами.

– Кога концертот заврши, Линдзи со група пријателки, носејќи пијалок во своите раце замина зад сцената, каде што се сретна со еден човек со кој веднаш почнаа страсно да се бакнуваат. Таа се фрли во неговите раце и тие бакнуваа неколку минути. Тој беше висок, згоден човек во средината на 40-тите години – рече извор за радиоонлајн.цом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top