| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот видеоспот за Јасмин Алиевски

„ Да заборавам сѐ,
но сега не можам не
Ова лето ми мириса на тебе…“

2

Вака, со новата песна „Сакам да заборавам сѐ“, младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски го најави крајот на летото и почетокот на новата работна есен.

Видеото за новата песна е неговиот прв официјален спот, кој се снимаше на неколку локации покрај Охридско Езеро. Довербата за изработката им ја довери на „Горила продукција“ и на режисерот Владимир Ивановски – Дади.

И за „Сакам да заборавам сѐ“, Јасмин ја продолжи својата успешна соработка со продуцентот Лазар Цветковски, кој за него ја напиша музиката и го направи аранжманот на песната. Милан Миланов, пак, се погрижи за текстот.

Со оваа новата песна, Јасмин ветува сѐ почесто учество на музичката сцена и вели дека многу посериозно ќе се потруди да го заработи своето место на македонската естрада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top