Норвешка не знае што да прави со парите. Поради тоа оваа земја се обидува да најде најдобар начин да потроши огромна количина на средства, кои и ги носи нафтата, а притоа, на долг рок, да не ја загрози економијата.
Ејстејн Дерум, главен економист на ДНБ банка, најголема банка во Норвешка вели дека најголемиот проблем на оваа земја е што нивното богатство е толку огромно, што постои опаснст да го потрошат проекти што не се доволно исплатливи.
Од крајот на деведесетите години, Норвешка одговорно ги инвестираше приходите од нафта во фонд кој, на долг рок, би требало да го обезбеди финансирањето на државата. Фондот најчесто вложува во акции, обврзници и недвижнини, а за да се избегне „прегревање“, парите воглавно се пласирани надвор од Норвешка. На тој начин, Норвешка стана најголем државен фонд на светот – 750 милијарди долари (570 милијарди евра). За да се обрзбеди и понатамошен раст на фондот, владата не смее да повлекува повеќе од 4 отсто годишно – проектиран годишен профит на фондот – за да го урамнотежи буџетот, кој во спротивно би бил во минус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.