Триесет дена притвор му е одреден на директорот на Народниот Музеј од Велес кај кого полицијата ги пронајде украдените две сребрени парички Тетрадрехми со ликот на Александар Македонски.Mожноста од бегство, но и попречување на истрагата биле причините за изрекување на мерката притвор.
Додека осомничениот беше на распит кај истражниот судија, велешкиот градоначалник Славчо Чадиев објави дека донел одлука за негово разрешување и именување на вд директор. Елица Николовска вработена во институцијата до изборот на директор ќе ја извршуваа офаа функција.
Во следниот период музејот ќе подлежи на ревизија. Општината ќе истражува дали недостасуваат и други артефакти. Ќе се проверува и финансиското работење.
„Прво ќе го испратиме нашиот ревизор да ја испита работата таму, а ако е потребно ќе побараме помош и од останатите институции”, рече Славчо Чадиев градоначалник на Велес.
Пред два месеца вработена во музејот пријави дека недостасуваат две сребрени монети и филигранска белегзија. Тогаш директорот не сакаше да коментира како исчезнале вредните предмети. Истрагата на полицијата откри дека тој ги одзел бидејќи сакал да ја збогати домашната колекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


