| четврток, 6 декември 2018 |

Глас на Америка: Косовско-српска брашнарска спрега ја предизвикала трговската војна со Македонија

kamion blace

Гласот на Америка на македонски јазик пишува дека косовската забрана е резултат на косовско-српска брашнарска спрега, која предизвикала голема нервоза на двете страни.

-Неофицијално може да се чуе дека навистина имало обид – дел од српското брашно за кое постоеше мерка – условен увоз во Македонија се до 15 септември, и пред тој рок на мала вратаа да се увезе преку Косово во Македонија, по што, српските бизнисмени останале без пари, а косовските препродавачи останале со непродадено брашно и со долг кон српските бизнис-партнери. Ов предизвикало голема нервоза на двете страни, пишува Гласот на Америка.

Економски и правно неоправданата косовска блокада се доведува и во корелација со претстојните избори на Косово. Ембаргото од Косово познавачите го толкуваат како начин преку кој тамошната влада се обидува да добие некој политички поен кај косовските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top