Исчезна 12-годишна штипјанка со пречки во развојот, јавува ТВ Стар од Штип.
Станува збор за Перијан А. , која нејзините најблиски не ја виделе веќе еден месец. Освен семејството, по Перијан трага и полицијата, а најблиските се сомневата дека таа е грабната, огорчено раскажува Малике Асанова, мајка на Перијан.
Отсуствоте на детето без сон ги остава нејзиното семејство и пријателите, кои помислуваат на најлошите можни сценарија. Тие се плашат детето да не биде продадено или убиено.
Семејството апелира до сите оние кои девојчето ќе го видат или имаат какви и да е информации за него, веднаш да пријават во полиција.
Малике е самохрана мајка, чии сопруг е убиен пред неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.