Маскирани и вооружени бандити влегле во казиното Астра во скопската населба Ченто и го однеле целиот промет од близу 6.000 евра.
Според полицијата утринава околу 03,15 часот во Скопје на улица Финска, три маскирани и вооружени лица влегле во казино „Астра клуб“ и со закана над тројца вработени извршиле разбојништво, одземајќи 364.300 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.