| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската мисица ја нема на официјалниот избор на публиката

Интернет страницата „Beauty pageant grand slam“ и дозволува на публиката да ја одбере најубавата девојка на светот според нив. Онаа со најмногу гласови автоматски добива место во финалето, односно меѓу првите 10 девојки, на официјалниот избор на „Мис свет 2013“.

Кристина Спасеноска ја нема помеѓу овие 104 девојки. Ние не можеме да ја дадеме нашата поддршка ни глас за Мис Македонија.

На страницата нема пријавено уште 20-тина девојки од официјалниот избор, што значи дека пријавувањето го вршат самите земји, а не  „Beauty pageant grand slam“.

Засега српското лоби е најсилно. Нивната Александра Докниќ води со засега убедливи 30 622 гласа, што е двојно повеќе од гласовите за Мис Филипини, Меган Јанг.

На страницата ќе се гласа до 28 септември, а може да се дадат до 15 гласови дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top