На денот кога САД одбележуваат годишнина од терористичките напади врз кулите близначки -Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон, но и стравуваат од нови напади на денешен ден, 11 септември, во Вашингтон се предвидени два големи собири. Од една страна е планираниот собир на кој се очекуваат илјадници моторџии, од сите делови на САД, кои побараа дозвола да поминат низ градот во голема колона. Градските власти го одбија ова барање, но моторџиите, кои инаку редовно се собираат во Вашингтон да изразат поддршка за американската армија на Меморијалниот ден во мај, најавија дека и без дозвола ќе го преплават Вашингтон.
Од друга страна, Американско-муслиманскиот политички акциски комитет организира марш кој првично беше најавен под името „Марш на милион Муслимани“ пред Конгресот.
Двете групи ќе бидат на просторот меѓу Белата куќа и Конгресот.
Се очекува, иако поделени, учесниците на моторџискиот собир да ги поддржат американските сили во напад врз Сирија, додека организаторите на муслиманскиот собир велат дека протестираат против нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


