Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Сирија, што требаше да се одржи вечерва е одложена на неопределено време, на барање на Русија, која и го закажа состанокот, објавија дипломати од ОН.
Не се објавени причините за одложување на седницата што требаше да се одржи зад затворени врати.
– Состанокот е одложен до објавуавње на нови информации, изјави неименуван дипломат.
Русија претходно повика на итна средба на СБ на ОН, додека западните сили објавија дека работат на резолуција за ставање под меѓународна контрола на сириското хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


