| четврток, 6 декември 2018 |

Кацин: Ситуацијата околу либерализацијата не е драматична

лажни азилантиСпоред европратеникот Јелко Кацин ситуацијата во врска со можното воведување визи за државите до Западен Балкан не е драматична и малку е веројатно дека таа мерка ќе се примени.

– Она што расправавме беше усвојувањето на механизмот за привремено враќање на визите за држави кои не успеваат да се изборат со проблемите поврзани со имплементација на безвизен режим, што секако се однесува на проблемот со лажните азиланти, истакнува тој.

Кацин објасни дека предлогот на механизмот има рок на траење до 2016 година така што и ако парламентот го усвои, малку е веројатно дека ќе бдие применето до тогаш.

– Со други зборови, доколку нема драматични промени до декември 2016 година, Србија, Македонија и БиХ трајно ќе останат на безвизен режим, појасни Кацин.

Со предлогот се овластува ЕК привремено да го укине безвизниот режим за држави од каде доаѓаат азиланти доколку се утврди дека бројот на барања за азил е драстично зголемен што воглавно се однесува на држави од Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top