| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски- Коморовски: 20 години одлични македонско-полски односи

gruevski komorovskiВо годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, посетата на полскиот претседател Бронислав Коморовски на Република Македонија е голем импулс за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка во сите области од взаемен интерес, е заедничката оценка на полскиот претседател Коморовски и премиерот Никола Груевски.

Премиерот посочи дека Македонија е заинтересирана за динамизирање на соработката со Полска особено на полето на економијата и можностите за раздвижување на инвестициските активности, притоа посочувајќи ги можностите за инвестирање во Македонија.

На средбата со полскиот претседател, Груевски се заблагодарил за интензивната полска поддршка за започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ посочувајќи дека Полска беше една од земјите што на декемврискиот самит на Советот на ЕУ, се залагаше за донесување одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, како и за континуираната поддршка на Полска за интеграцијата во НАТО.

Претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски изрази задоволство од пријателството меѓу двете држави кое го потврдуваат добрите политички односи, како и можностите за унапредување на економската соработка. Тој истакна дека Република Полска е искрен пријател на Република Македонија и силен поддржувач на нејзините интеграциски напори и процеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top