Вработени во администрацијата на општина Карпош и на општина Струмица тврдат дека веќе извесен период од службените компјутери не се во можност да ги отвораат интернет-страниците „Нетпрес“, „Курир“, како и неколку други медиуми. Но, затоа, пак, немаат никаков проблем со отворањето на интернет-страниците на медиуми финансирани од опозицијата или од фондацијата на Сорос, чијшто прв човек во земјава е Владимир Милчин, кој, пак, беше лустриран како соработник на тајните служби.
Дел од проопозициските интернет-страници биле сетирани и како “home page“ на компјутерите во општините каде што градоначалниците се од редовите на СДСМ.
Вработените во општинските администрации велат дека со административна забрана им е ограничен пристапот до „Нетпрес“, а никој во општината тоа не им го соопштил официјално, ниту, пак, им кажал дека имаат администраторска забрана за посета на одредени веб-страници.
Портпаролката на општина Карпош, Виолета Цветковска, демантира дека има каков било проблем со пристапот од интернет до медиумите и дека, сигурно, нема никаква административна забрана за отворање на интернет-страниците на дел од медиумите.
Освен во овие две општини, според нашите информации, иста е ситуацијата и со општините Охрид, Куманово, Вранешница, Дебарца…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст