Според зборовите на наставникот, децата биле на возраст до 12 до 15 години и го нападнале велејќи му дека е „геј”, го шутирале и удирале се додека не му нанеле тешки телесни повреди.
Јанеш вели дека излегол од бензинска пумпа откако ги напумпал гумите на својот велосипед, а потоа седнал на клупа во паркот каде што чекал да му се придружат неговата сопруга и синот.
Му пришла група од деца и го прашале колку е часот. Кога го слушнале одговорот продолжиле уште неколку чекори, каде што почекале уште неколку основци, а потоа се вратиле кај Јанеш.
– Најмалиот од нив, мислам дека беше шесто одделение, ми пријде и ме праша дали познавам некој што е геј. Кога му дадов одречен одговор, тој извика „Ти си хомосексуалец“ и сите деца тргнаа кон мене и почнаа да ме шутираат и удираат – раскажал наставникот.
Јанеѓ се обидел да избега, меѓутоа, децата го турнале од велосипедот и продолжиле да го удираат. Слушнал како некој вели „Дај и јас да го удрам во глава”. Јанеш не можел да каже колку време траел инцидентот, меѓутоа завршил со бројни контузии и скршен нос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.