| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Обама контра Барак: Не ја бомбардирај Сирија!

showbiz-barack-obama-michelle-obama-first-dance

Првата дама на САД, Мишел Обама, е против воениот удар врз Сирија, изјави нејзиниот сопруг, претседателот на САД, во разговорот за телевизиските мрежи Пи-би-ес и Ен-би-си што се водеше во понеделникот, пренесува Дејли мејл.

„Моето сопствено семејство… е многу загрижено и сомничаво”, изјави Барак Обама во разговорот за Пи-би-ес, тврдејќи дека неговата сопруга не сака Америка да влезе во уште една војна.

Кога станува збор за другите влијателни политички личности во САД, ставовите се поделени.

Сузан Рајс, советничката за национална безбедност, ја нагласува опасноста од употребата на хемиско оружје и уште поголемата опасност ако до тоа оружје дојдат терористи и други диктатори, кои евентуално масовно би го користеле, државниот секретар Кери и републиканскиот сенатор Меккејн повикуваат на брза и енергична интервенција, чие избегнување, според нив, би ги довело во прашање кредибилитетот, силата и одлучноста на САД.

Од друга страна, сенаторот за Кентаки Ренд Пол смета дека поддршката на исламските бунтовници е „лоша идеја”, која брзо би можела да доведе до создавање на уште една исламска држава во која христијаните се изложени на прогони.

Поранешната гувернерка на Алјаска Сара Пејлин заклучува дека во војна во која двете страни при јуриш викаат „Алах акбар” би требало да се остави Алах да го реши и исходот на судирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top