Необично однесување на три кинески сателити ги натера американските експерти да се прашаат за целта на кинеската вселенска програма. Сите се сложни дека никој не знае што тоа кинезите планираат, а дека се друго е шпекулација. Според дел од тие наводи, Кина тестира антисателитска технологија, додека други тврдат дека се истражуваат подобри вселенски технологии.
Кина неодамна лансираше три сателити, од кои еден на изненадување во САД, се добижил до друг постар сателит. Според информациите еден од нив носи „прототип на огромна роботска рака за фаќање на други сателити“, за што се претпоставува дека ќе биде потребна при градење на големата кинеска вселенска станица во 2020.
Американски аналитичар вели дека кинеските медиуми при лансирањето пишувале за вселенскиот отпад, функционирањето на „Раката“ и тестирање на вселенска технологија за одржување на опремата. Така смета дека ова е експериментално собирање на отпад.
Бидејќи Кинезите никогаш не ги откриваат нивните цели, сега се смета дека новиот вселенски маневар може да е бениген- за отпад, или пренос на гориво, но и малигно, односно дека се работи за антисателитска технологија (АСАТ). Со таа технологија ќе може да исфрлат од употреба туѓи сателити. Кинезите првото тестирање на АСАТ го направи во 2007, по што „непријателскиот“ сателит бил уништен.
Инаку и Кина и САД експериментираат со блиски маневри во вселената, а и двете покажале АСАТ способности, па сега експертите тврдат дека Пекинг и Вашингтон ќе го имаат истиот избор како и Вашингтон со Москва за време на студената војна: да се натпреваруваат во уништување на сателити или да престанат со таа практика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.