Европскиот парламент не го поддржа барањето за гласање околу воведувањето клаузула со која би се овозможила суспензија на безвизниот режим. Така оваа недела нема да се гласа околу ова прашање.
– Поголемиот број пратеници не го поддржа барањето. Тоа што го поддржаа беше за ова праашање да се води дискусија на седницата закажана за први октомври, соопштуваат од Европскиот парламент.
Прашањето за клаузулата беше поставено за време на анјголемиот налет на лажни азиланти по кревањето на Шенгенската рампа за западниот балкан. Сега, словенечката европтратеничка Тања Фајон сметаше дека е време за поинаков пристап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.