| четврток, 6 декември 2018 |

Визната либерализација на преиспитување во ЕП

европарламентВо Европскиот Парламент тече дебатата околу клаузулата со која се отвора вратата за суспензија на безвизниот режим за Западен Балкан. Иако првично бил прифатен предлогот на Тања Фајон, гласањето да се одложи, бидејќи како вели самата, „се работи за чувствително политичко прашање“, сепак на инсистирање на конзервативните партии, повторно е вратено на дневен ред за расправа.

Доколку клаузулата биде прифатена, ќе се овозможи брза суспензија на либерализацијата за земјите од Балканот доколку се продолжи со злоупотребата на безвизниот режим.

Tanja-Fajon-Ние ќе бевме најзадоволни доколку клаузулата беше одбиена, бидејќи се работи за нацрт во прво читање. Потоа ќе се вратевме на преговарачка маса и Советот на ЕУ ќе мораше да даде поинаков предлог. Тоа ќе беше поинакво решение од ова што е сега, вели Фајон.

Одбивањето ќе дадеше време за анализа на сите заговорници за оваа мерка, со што ќе се земеле предвид  сите негативни последици за ЕУ, додава таа. Додека трае расправата, од кабинетот на Фајон за Република велат дека овој „зафат“ ќе биде тежок, па затоа „се прави се тој да не биде прифатен“.

-Нов предлог, кој што би го заменил актуелниот по кој се расправа,  се уште нема, но секако дека би бил поприфатлив компромис, велат од кабинетот на словенечката европратеничка.

Според објавените твитови, Фајон ги оценува настапите на колегите пратеници па вели дека е новиот хрватски пратеник Невен Мимица греши што е „убеден дека механизмот за суспензија  ќе го обезбеди кредибилитетот на ЕУ“, па додава „Таа нема да ги заштити Европејците“.

лажни азилантиНо доколку и се усвои оваа клаузула, би била тешко применлива, пренесуваат балканските медиуми дел од аналитичарите.

-Кога државите би поднеле барање за воведување визи, Комисијата веројатно прво ќе бара примена на други мерки, а суспензијата би останала како последна мерка. Така, процедурата би можела да трае две до три години, се пренесува од ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top