| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко го одби „Гласот“ за „Икс фактор“

Српскиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ ќе биде дел од четиричленото жири на музичкото шоу „Икс Фактор“. Неодамна тој ја одби понудата да биде дел од уште едно големо шоу кое за прв пат ќе се прави на Балканот, „Гласот“ („The Voice“) под изговор дека работи на неговиот нов албум и е презафатен со концерти.

Сепак Жељко им се придружи на пејачките Емина Јаховиќ и Кристина Ковач и фронтменот на групата „Пилоти“, Кики Лесендриќ.

На „Икс фактор“  имаат можност да се пријават и македонски кандидати, а шоуто ќе започне со емитување на 22 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top