| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Нема напад ако Асад го спроведе рускиот предлог

z-syria-obama41Американскиот претседател Барак Обама смета дека предлогот на Русија според кој сириската влада треба да го предаде сето свое хемиско оружје на меѓународна контрола е „потенцијално позитивен развој“. Најавви дека нема да има напад доколку  Башар ал Асад го прифати и спроведе предлогот на Путин. Но тој сепак се сомнева дека режимот ќе изврши примопредавање. Според Обама тој остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за идејата.

По низата дебати на американските пратениз за тоа дали да и се даде овластување на администрацијата на Обама да спроведе воена операција во Сирија, лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид го одложи планираното гласање за одобрување на мерката, кое беше закажано за в среда.

Советничката за национална безбедност на Обама, Сузан Рајс, пак, искажа ветување дека каква било американска воена акција во Сирија „нема да биде уште една војна“. Зборувајќи во Фондацијата Нова Америка во Вашингтон, Рајс рече дека САД „мора да преземат акција внимателно, одговорно и со цел“ да ја намалат способноста на хемиското оружје на сириската влада, откако таа наводно изврши хемиски напад во предградие на Дамаск на 21 август. Таа изјави дека, по нападите, Вашингтон има намера повторно да се обиде да истурка политичка резолуција за граѓанската војна во Сирија во ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top