Црна Гора ја победи Србија во ревијален меч без посебно значење за расплетот во групата Б, а тоа и донесе пласман на Македонија на последното место во Јесенице. Понатаму во втората фаза се пласираа Србија, која пренесува 4 бода, Литванија со 3 и Летонија без бодови. Во аут се БиХ, Црна Гора и Македонија.
Црногорците славеа вечерва против Србија со 83-76, за интересна разврска во Б групата. Дури четири селекции завршија со ист биланс од 3 победи и 2 порази, а среќа немаше Босна и Херцеговина, селекција која има најмалку победи во тој круг, со што мораше да се помири со елиминација.
Во меч без резултатско значење и Полска која испадна ја совлада Словенија со 71-61, а сепак домаќините заедно со Шпанија и Хрватска одат понатаму. Елиминирани се Полјаците, Чесите и Грузијците.
Франција во директен дуел беа подобри од Белгија, а и двете селекции одат понатаму, заедно со Украина, а „триколорите“ ќе имаат убава залиха од 4 бода во следната фаза, бидејќи беа подобри и од Белгијците и од Украинците.
Уште од претходно беше познато дека од А групата натптреварите ги продолжуваат Италија, селекција што единствена од сите 24 репрезентации нема пораз, заедно со Финска и Грција. Нашите јужни соседи загубија и од Италија и од Финците и ќе имаат тешка задача за плсамн во четвртфиналето, бидејќи ќе ја почнат втората фаза без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


