| четврток, 6 декември 2018 |

Барате работа? Фејсбук ќе ви помогне

facebook-15082013-625shutterБлогот „Социобитс.орг“  откри новина на „Фејсбук“, но од „Фејсбук“ не сакаат да дадат појаснување. Новата категорија се појавува како можност на профилот на корисникот под „Работа и образование“. Едноставен „клик“ на копчето за изменување на содржината открива нова категорија која автоматски нуди „линкови“ до страници за способностите на корисникот.

fb

Кога корисникот ќе притисне на една од способностите, тој веднаш е однесен до страница која покажува пријатели со интерес во способностите, како и поврзани страници, групи и нови луѓе кои би можеле да имаат потреба од способностите.

Згора на тоа, означувањето на профилот со листа од професионални способности веднаш го прави профилот полесен за откривање кога работодавачите бараат луѓе со одредени способности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top