Лоша игра на македонските кошаркари по првиот дел од денешниот меч помеѓу Македонија и Летонија. Секој играше како што мисли дека треба, без идеја, без тактика од страна на селекторот Пипан. Им се дозоли на Летонците да ја наметнат својата игра, со брзо движење, а македонската селекција немаше одговор на ваквата игра. Високите центри на нашиот тим ги немаше под кош. Тие главно шутираа за три поени, скок под противничкиот кош нема, ниските играчи на Летонија успеваа да ги надскокаат високите центри.
Резултатот е 49:36 во корист на Летонија
Повторно Бо Мекејлеб најмногу блескаше од македонскиот тим.
На Македонија и е потребна поведа со најмалку 10 поени разлика за да остане во игра за пласман во втората фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.