| четврток, 6 декември 2018 |

Испукани куршуми завршиле во домот на скопско семејство

kursumВо текот на вчерашниот ден, околу 12,00 часот во нас.Шуто Оризари-скопско, во куќа на С.А.(32), била предизвикана општа опасност на тој начин што непознат сторител од точно неутврдено место и правец од огнено оружје, испукал куршум, кој удрил на кровот од куќата и преку таванот од дневната соба паднал на подот во близина на влезната врта.

Во собата во моментот се наоѓала сопругата на С.А., Б.Б.(24) со нивните три малолетни деца. Повредени лица нема.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top