По неколкуте пресметки меѓу националните тимови на Србија и Црна Гора пред се во кошарка и ватерполо во кои покрај спортската битка се водеше и медиумска и навивачка меѓу двете селекции за кратко време се разви сериозна ривалитет која иако сега не е во преден план поради тоа што на србите не им одговара да победат сепак може да ни донесе корист и нам.
Колку е голем анимозитетот меѓу двете спортски нации можеше да се види и вчера во фан зоната на српските кошаркари во Јесенице каде на чудење на екипата на „Република“ српските навивачи отворено навиваа за Литванија и секој поен на балтичките играчи го прославуваа со гласни извици.
Според дел од српските навивачи не е само спортскиот аспект важен во односите со Црна Гора, сеуште голем број срби не можат да им заборават на своите довчерашни браќа што прогласија независност и покрај тоа што го ослабнаа стариот национален тим во многу спортови им го скратија излезот на море на србите.
Црна Гора вечерва иако нема никакви шанси да се пласира во втората фаза оди на победа, но да се победат големите ривали е обврска на секој Црногорец велат пак од навивачкиот табор на Црногорците кој бори околу 1000 навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.