Фармерите во Хрватска од следната година може да се соочат со проблем, да не можат да одгледуваат кокошки несилки, бидејќи опремата и стандардите не се на нивото на ЕУ. Условите кои ги прифатија хрватските преговарачи со Унијата, во моментов не се задоволени кај фармерите.
Од оваа причина, процените се дека следната година, Хрватска може да остане без домашни јајца.
Јајцата од кокошка спаѓаат во групата од 6-7 земјоделски производи, кои Хрватска ги произведува во количини доволни за сопствени потреби. Според статистиката, годишно се произведуваат околу 750 милиони јајца, или 175 по жител.
Според податоците на Министерството за земјоделство, во Хрватска има регистрирано 165 фарми, со капацитет од 100 до 259.200 кокошки. Според тие податоци, капацитетот на сите фарми е 2.400.092 кокошки, но поради празните кафези, вкупно има 1,63 милиони.
Шансите сите сопственици на фарми, да ги заменат старите кафези со нови, модерни, кои ги задоволуваат ЕУ стандардите се минимални.
Фармерите, едноставно немаат пари. За еден кафез, треба да се вложи најмалку 20 евра, а тоа значи дека за сите 1,63 милиони кокошки, потребни се 32,6 милиони евра, пари кои произведувачите ги немаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


