| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно: Дали е пронајдено телото на исчезнатата французинка во Кичево?

Според неофицијални информации од Кичевската полиција во текот на денот на засега непозната локација во близина на Кичево е пронајдено мртво женско тело.

Засега нема потврда дека се работи за исчезнатата француска државјанка Валери која исчезна во јули.

39-годишната Французинка Валери е висока 168 сентиметри и кога последен пат ја виделе носела розеви патики „адидас“, изворите на Република велат дека дел од овие информации се совпаѓаат со деталите поврзани со мртвото женско тело во кичевско.

Откако нејзиниот сопруг и роднини не можеа да ја пронајдат тие заминаа назад во Франција со надеж дека полицијата ќе ја најде Валери.

Пред неколку дена сопругот распишал награда од 5000 за лицето што ќе ја најде Валери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top