Србија ја победи Летонија со 80-71 со што продолжуваат надежите и на Македонија дека ќе се пласира во следниот круг. Србите предводени од Ненад Крстиќ, кој постигна 25 поени го забележаа третиот триумф во Јесенице и тие се речиси сигурен патник понатаму.
Летонија има по две победи и два порази и утре од 14,30 часот ќе игра со нас во меч што може да одлучува која селекција ќе се пласира во втората фаза. И Македонија има шанса, но не зависи само од своите резултати, а за подвиг ни треба победа утре.
Втор услов е вечерва Литванија да ја победи Црна Гора и утре БиХ, како и ние би имале можност како третопласирана селекција да го продолѓиме настапот на ЕО.
Досега Франција, Украина, Шпанија, Словенија, Италија, Грција и Финска обезбедија настап во втората фаза што ќе се игра во две групи од по 6 репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


