Пожари го зафатија викендов скопското подрачје, соопштуваат до Дирекцијата за заштита и спасување. Повеќето од пожарите се локализирани, а сеуште гори во селото Коњаре, петровец. Утрово избил пожар и на средно Водно, но тој е локализиран. Поради непристапноста на теренот во Коњаре, општина Петровец, гасењето од копно е оневозможено, па утринава во 7.45 часот беа активирани двата противпожарни авиони Air Tractor. Се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде локализиран.
Утрово пак избил пожар на средно Водно. Во гасење на пожарот беа ангажирани две возила од ППБ и вработени од ЈП паркови и зеленило. Според последните информации од подрачната единица на ДЗС, пожарот е локализиран.
Во саботата гореше борова шума на територијата на општина Илинден- Миладиновци и Ајватовци, со интервенција на ДПД Илинден пожарот беше локализиран.
На територија на општина Студеничани с. Варвара во саботата гореше мешана шума. Според последните информации од подрачната единица на ДЗС, пожарот е локализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст