| четврток, 6 декември 2018 |

Антички „андерграунд“: под вилата на Хадријан пронајден подземен град и мрежа од тунели

Археолозите неодамна на локацијата на вила кај Тиволи, во близина на Рим, која ја изградиц царот Хадријан во двториот век откриле мрежа од тунели за која сметаат дека претставува подземен град закопан длабоко под вилата на римскиот цар Хадријан.

Археолозите ги исцртуваат подземните патишта, помалку налик на оние од филмот „Андерграунд“ на Кустурица и веруваат дека пролазите служеле за коли што ги влечеле волови, а транспортирале робови, храна и др. далеку од очите на царот.

Покрај мрежата од патишта, археолозите пронашле и низа предмети. Инаку вилата на Хардијан УНЕСКО во 1999 година ја прогласи за локација од светско културно наследство, а ја сочинуваат 30 згради од кои секоја има градина, базени и фонтана.

Новооткриениот подземен пролаз е поголем од останатите тунели, кои порано биле откриени под вилата. Широк е 3 метри и се протега на повеќе од половина километар на североисток, потоа свртува кон југ и води до кружно проширување од 700 метри за која стручњаците сметаат дека служело за свртување на колите.
Археолозите сеуште не влегле во затрупаните тунели, за да откријат каде водат тие. Во моментов се расчистуваат за до крајот на годината да може да ги видат посетителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top