| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија се убиваат по 4 лица дневно поради отказ и долгови

Пред педесеттина години во Србија имало околку 500 самоубиства годишно и тоа најчесто поради болест и невозвратена љубов. Денес причина за самоубиствата кои ги има по четири на ден или 1.300 годишно стручњаците ги бараат во отуѓеноста, тешките услови за живот и огромните долгови во кои запаѓаат поради економската криза.
– Најчесто на СОС телефонот се јавуваат личности со проблеми на осаменост, бидејќи немаат со кого да го споделат она што им се случува. Бројот на самоубиства константно се зголемува поради кризата, тешкиот живот, депресијата. Општеството е трауматизирано и во депресија, вели Бранка Кордиќ од СОС центаро во Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top