| четврток, 6 декември 2018 |

Расел Бренд: Ако ја знаете историјата на модата, тогаш знаете дека Хуго Бос ги креирал нацистичките униформи

Британскиот комичар Расел Бренд бил исфрлен од забавата во Лондон која била спонзорирана од компанијата „Хуго Бос“. Атмосферата се расипала кога од сцената на присутните манекенки, спортисти, политичари им порачал: Ака барем малку знаете за историјата на модата, тогаш знаете дека Хуго Бос ги креирал нацистичките униформи“, а потоа додал Но, изгледале фантастично додека убивале луѓе поради религија или сексуална ориентација.“, пишува „Дејли Мејл“.

Hugo_Boss_m

Иако врската на Хуго Бос и нацистите е позната, не е точно дека тој ги креирал нацистичките униформи. Озлогласените СС униформи настанале во 1932 година, а ги осмислил дизајнерот и СС-овец Карл Диебитсч кој работел на нив заедно со графичкиот дизајнер Валтер Нецк. Ниту еден од нив двајца не работел за Хуго Бос. Значи Бос не ги креаирал униформите, туку само ги произведувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top