Главна ѕвезда на профилот на Инстаграм е убавата жена на Асад – Асма, која се смешка и позира додека им помага на младите Сиријци.
Сирискиот претседател, против кого се стегнува обрачот поради наводната употреба на хемиско оружје, почнува нова војна – овојпат медиумска, во која главно оружје е неговата сопруга.

Како што пишува Еј-би-си њуз, сириското претседателство неодамна отворило профил на Инстаграм, каде што објавува слики од секојдневниот живот на претседателот Башар ал-Асад и првата дама. Но овие фотографии покажуваат некој друг живот во Сирија, каде што нема војна, нема крв, нема мртви тела.

Се поставува прашањето зошто се прави сето тоа?
Еј-би-си њуз одговара дека со фотографиите очигледно се сака да се покаже дека Сирија е во добри раце. Главна ѕвезда на профилот на Инстаграм е убавата жена на Асад – Асма, која се смешка и позира додека им помага на младите Сиријци.
Асма отсекогаш ѝ била интересна на сириската, но и на светската јавност. Таа беше препознаена како многу модерна и образована дама. Родена е во Сирија, но поголем дел од животот има поминато во Лондон како „Ема“, каде што студирала и добила работа во Дојче банк пред да се сврши со Асад и да се пресели во Сирија.
Кога почна војната во Сирија, Асма се повлече од јавноста, и многумина се прашуваа дали е против нападите врз бунтовниците што ги наредува нејзиниот сопруг. Но таа мошне брзо се појави до него – насмеана. И покрај крвавите жртви, во последниве недели Асма исто така се појавува насмеана на фотографии, опкружена со деца и сириски жени, делејќи им храна на оние што загубиле сè
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


