Завршницата од Формула 1 шампионатот очигледно нема да биде премногу интересна, a Себастијан Фетел ја продолжидоминација и со триумф на денешната трка за Големата Награда на Италија. Германецот максимално го искористи фактот дека ја имаше пол-позицијата и не дозволи триумфот во ниту еден момент да му биде доведен во прашање.
Фернандо Алонсого освои второто место, а Марк Вебер ја заврши трката на третата позиција. Како четвртопласиран трката ја заврши Фелипе Маса, кој се бори да ги убеди челниците на Ферари да му понудат нов договор. Луис Хамилтон на крајот едвај стигна до деветтата позиција, а очајна трка имаше Кими Раиконен, кој не освои ниту еден бод откако се најде само на единаесеттото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


