– Роденденски расположен, со 37 аргументи ,во името на Република Македонија ќе настапам на конференцијата “Western Balkans: A Future With Europe”, заедно со Штефан Филе и Џозеф Даул во Европскиот Парламент во Брисел. Тортата ќе биде замрзната до добивањето на датумот за преговори со ЕУ- се пошегува Милошовски преку својот профил на „Фејсбук“ пред да настапи на конференцијата во Брисел.
Инаку, пратеникот Милошоски како претседател на Комисијата за надворешни работи во македонското Собрание, денеска ќе присуствува на конференција во врска со земјите од нашиот регион и нивната иднина во Европската унија што во организација на Европските народни партии (ЕПП) ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел.
Инаку, покрај поранешниот министер за надворешни работи на Македонија и Филе, на оваа тркалезна маса ќе учествуваат и премиерот на Албанија, Сали Бериша, заменик-претседателката задолжена за евроинтеграции на Србија, Сузана Грубјешиќ, како и Жељана Зовко (советник на претседателот на Советот на минситри на Босна и Херцеговина), Иса Мустафа (градоначалник на Приштина) и Дубравка Шуица (потпретседателка на партијата ХДЗ од Хрватска).
Од страна на Европската унија, покрај еврокомесарот за проширување, се очекува присуство и на претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ, Рикардо Миљиори, додека со конференцијата ќе модерира Хунар Хокмарк, потпретседател на групата на ЕПП во европскио парламент.
Како што е познато, Европските народни партии се најбројна парламентарна група во ЕП, а владејачката македонска партија ВМРО-ДПМНЕ е исто така нејзина членка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.