Градоначалникот се заблагодари на полицијата која успеала да ја нормализира состојбата во Вуковар по немирите заради двојазичните табли врз општинските институции. Тој потсетува дека политичките партии уште во 2009 вовеле двојазичност, но дека тој ставил вето.
-Зар како хрватски бранител и човек кој бил во логор и бил принципиелен во 2009 тоа го заслужив?, прашува Сабо кој најави можност делови од градот да се изземат од двојазичност. Притоа тој ги обвини медиумите дека селектирале што ќе објават.
– Но зошто медиумите не појдат пред српската детска градинка на која двојазичната табла е поставена уште 1998? Тие кои денеска се во први редови на протестите, беа оние кои едногласно ја донесоа одлуката. Таа плоча не им смета бидејќи ја постави ХДЗ.
Околу барањата за негова оставка Сабо вели:
-Само сакам да работам за Вуковар. Пуштете ме на мира да работам. Ако има некој подобар- предложете го. Ако мојата оставка е услов за мир- утре ќе ја поднесам, но повторно ќе се кандидирам на изборите.
Но ова не му е единствениот проблем на вуковарскиот градоначалник. Неодамна беше обвинет и заради тајна снимка на разговор со советничка од ХДЗ, на која и понудил мито од 50 илјади куни да прејде во СДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


