Маж од Калифорнија со оглас го бара сопственикот на мачорот од кого го украл додека бил алкохолизиран.
„Ако некој останал без мачор кој се вика Џанго, јас го земав синоќа. Не беше намерно, бев премногу пијан и мислев дека е залутан мачор кого го спасувам. Утрото видов дека има синџирче.“
„Џанго е немирен мачор кој има поспани очи и делува како да се надувал, но мислам дека не е. ако Џанго ви припаѓа, ве молам да си го земете“, пишува чесниот опиен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


