Унапредувањето на соработката со државите од централна Азија е приоритет на кинеската надворешна политика, но Кина не се меша во внатрешната политика на тие држави и не се стреми кон влијание врз регионот, изјави денеска кинескиот претседател Сји Џинпинг во Астана, говорејќи на Универзитетот „Назарбаев“.
На предавањето на кинескиот лидер присустуваше и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.
– Кина и земјите од Централна Азија имаат пријаелски односи, имаме добри можности за зајакнувае на меѓусебната доверба и соработка. Потребно е да се поддржиме, да бидеме искрени, да имаме доверба како пријатели, рече Сји, обраќајќи се кон Назарбаев.
Кинескиот лидер истакна дека земјите од регионот треба да создадат економска зона на Патот на свилата, проект, кој според него ќе доведе до збогатување на сите држави, кои ќе учествуваат во него.
– Во тој регион живеат околу три милијарди лица, што е доказ за колосалниот потенцијал на соработка во трговијата и инвестициите, рече Сји.
Тој нагласи дека за да се поттикне тој потенцијал потребно е да се укинат трговските бариери, да се намалат трошоците во областа на трговијата и капиталот и да се подобрат квалитативните карактеристики на економиите на државите.
Кинескиот претседател го поздрави создавањето на транспортен коридор од Тихиот Океан до Балтичкото Море, проект разработен во рамки на Шангајската организација за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


