Во пресрет на утрешниот светски ден на писменоста се предупредува на се уште големиот проблем со неписменоста. Според УНЕСКО во светот се неписмени околу 774 милиони луѓе од кои над 16 проценти се постари од 15 години.
Целта на УНЕСКО е да се подобри пристапот до образование, со што постепено ќе се намалува бројот на возрасни кои не знаат да читаат и да пишуваат. Вториот проблем е што поголемиот број од децата кои не одат в училиште се деца.
Според генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова писменоста е повеќе од образовен приоритет.
-Тоа е влог во иднината и прв чекор кон сите нови облици на писменост на 21 век.
Од 774 милиони неписмени, околу две третини или приближно 500 милиони се жени, а 123 милиони се млади меѓу 15 и 24 години. Интересно е што се смалува бројот на неписмени млади, но пропорционално не се смалува и бројот на неписмени млади жени. Пресметано е дека од нив најмногу живеат во Индија- 28 милиони, во Пакистан- 7 милиони, а околу 5 милиони вкупно во Етиопија, Бангладеш, Конго, Танзанија, Египет и во Буркина Фасо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


