| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски ќе игра и на светското првенство ако Македонија влезе меѓу најдобрите осум

Кошаркарот што како ретко кога на ова првенство е емотивен , постојано ги бодри колегите и публиката, вели дека не му е лесно на паркетот но дека сака да ја направи публиката среќна.

Двата први порази најмногу му паднеле тешко поради тоа што навивачите биле разочарани но со победата против Србија  разочарувањата се надминати.

Илиевски вели дека на ова првенство е многу повеќе емотивен од предходните затоа што ова ќе биде последно за него , но запрашан дали ќе игра на светското догодина во Шпанија доколку се пласираме меѓу првите 7 екипи тој нема дилеми. Ќе се врати во репрезентативниот дрес, пред се поради навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top