| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите „растураат“ – Македонија води со 16 разлика на полувреме

По сѐ изгледа дека Македонија вечерва ќе слави две големи победи. Прво фудбалската репрезентација со 2:1 славеше над гостите од Велс, а сега со двоцифрена разлика заврши и првото полувреме на кошаркарскиот меч против Србија.

Со резултат од 48:32, македонската кошаркарска репрезентација во Јесенице има одлични шанси вечерва да ја има првата победа на Европското првенство.

Иако ослабнати по повредата на Чековски, кошаркарите сепак засега покажуваат одлична тимска игра, а трите тројки на Владо Илиевски ги збеснаа навивачите низ цела Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top