Литванија ја победи Летонија во балтичкото дерби од Б групата во Јесенице со 67-59 и сигурно чекори кон втората фаза од натпреварите во Словенија. Сега и двете селекции имаат по две победи и еден пораз, а трилемата кои селекции ќе патуваат понатака во вториот круг останува отворена и пред вечерашниот последен деул од нашата група меѓу Македонија и Србија (21 ч.).
Литванците вечерва имаа повеќе расположени поединци и беа покомпактни за сигурен триумф со 8 поени разлика. Валанчиунас ги предводеше со 11 поени, а дури петмина кошаркари постигнаа по 9 поени. Кај Летонците Јаниченокс имаше ист учинок како и Валанчиунас.
Истовремено во меч од А групата Белгија забележа значајна победа од 76-71 против Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


