| четврток, 6 декември 2018 |

Босна и Херцеговина ја победи Црна Гора со 76-70

Босна и Херцеговина ја победи Црна Гора со 76-70 со што ги прокниожи првите бодови во Јесенице, а ваквиот расплет и одговара и на Македонија. Можеме да се пласираме во втората фаза со две победи до крајот, а ќе играме уште три натпревари. Црногорците ја имаа судбината во свои раце, но одиграа катастрофално во последниот период што го загубија со 11-27, па останаа на една победа, таа против Македонија со 81-80.

Мирза Телетовиќ со 18 поени и 11 скока беше двигател на пресвртот за БиХ, а Гордиќ постигна еден поен помалку. Кај поразениот состав Дубљевиќ даде 16 поени.

Македонија вечерва од 21 часот игра со Србија, а ова за нас е трета среќа на шампионатот во Словенија, по двата стартни порази од Црна Гора и Литванија.

Украина со денешниот триумф над Германија од 88-83 е првата селекција со 3 победи, а избраниците на Мајк Фратело се на чекор до пласман во вториот круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top